Висар, ај не паламуди, ми леташ орлиња наоклу, а збориш ко Мајка Тереза- Сашо Тасевски лут на Вишка

Откако беше објавено како Миниетрство за култура ги распоредило парите, повеќе за тетовски, отколку за други манифестации, се скараа и актерите Сашо Тасевски и Висар Вишка.  Па така, екс директорот на Драмски театар, Сашо Тасевски, преку својот Фејсбук профил му се обрати на Висар Вишка, кој го бранеше министерот за култура Асаф Адеми.

„Висар ај не паламуди. Оваа држава ти дала образование и работно место во МНТ. Ми леташ орлиња наоколу, а ми збориш ко Мајка Тереза. Се загрижи за маргинизираните? Ма немој. Вчера отворале фирми во тетовско, за денес да им пуштате илјадници евра на тотални анонимуси, али битно албанци.

Министерството не е промотер на дилетантски групи, туку пред се мора да испорача врвни културно уметнички достигнувања. Го згазивте Скопскиот џез фестивал, светски бренд, да отворите нов во Тетово? Го пониживте Танец со приказна богата ко Илјада и една ноќ, за да промовирате на голема врата нов албански ансамбл за ора кој е роден вчера.

Твојот цинизам те прави примитивен и повеќе те открива кој си, отколку што те покрива. Гледаш дека колегите од театарот и уметностите се револтирани, а ти упорно изигрува невина француска собарка. Сепак, твојот презир кон нас Македонците ти избива од секоја запирка, затоа не глуми, кајшто не проаѓа. Многу колеги со кои си одел по журки, си работел ќе те занејќат поради твојот цинизам и однос. Не се брани она што е неодбранливо. Ај фати му пенал на Меси. Немаш потреба да бидеш толку искомплексиран. Барем ти не. Ама ајде де“, напиша Тасевски на Фејсбук.

Текстот Висар, ај не паламуди, ми леташ орлиња наоклу, а збориш ко Мајка Тереза- Сашо Тасевски лут на Вишка е превземен од Reporter.mk.