Владо Јаневски ќе пее во Охрид

По пауза од скоро 10 години Владо Јаневски ќе одржи концерт во Охрид. Концертот во организација на „Авалон“ ќе се одржи на Антички театар на 2. август. Владо ќе ги испее своите најголеми хитови, а ќе ја промовира и новата песна „Главен град на тагата“.

Со концертот во Охрид Владо ќе го почне одбележувањето на јубилејот 25 години соло кариера. Концертот што пред еден месец требаше да се одржи во Скопје е закажан за оваа зема, а од „Авалон“ велат дека накнадно ќе го откријат датумот.

Влезниците за концертот на Владо во Охрид денес се пуштени во продажба, а чинат 500 денари за партер и 800 денари за трибини.