Во центарот на Белград експлодирал автомобилот на водителката Маријана Мичиќ

Во центарот на Белград експлодирал автомобилот на српската водителка Маријана Мичиќ. Сè уште не е познато дали има жртви, но според неофицијални информации од тамошните медиуми, со полесни повреди минал само таткото на Мичиќ, кој во тие моменти се наоѓал во возилото.

Маријана го водеше познатото реално шоу „Големиот брат“.

Според информациите до кои стигнаа тамошните медиуми, како причина за експлозијата била наведена подметната експлозивна направа.

Пожарникарните служби потврдиле дека интервенирале, а на местото на настанот се упатила и екипа од Итната помош. Според информациите што ги дале сведоците и лицата кои се нашле на местото на настанот, автомобилот експлодирал додека се движел.

 

 

 

Текстот Во центарот на Белград експлодирал автомобилот на водителката Маријана Мичиќ е превземен од Reporter.mk.