„Во една година ги загубив најблиските“, Васил Гарванлиев ја раскажа својата приказна

Васил Гарванлиев пред повеќе од 20 години го испеа детскиот хит „Марионка“ на „Златно славајче“. Денес повторно е на музичката сцена, а песната со која се врати го носи насловот „Ѓердан“. Ретко кој знае дека момчето кое некогаш беше ѕвезда, за една година ги изгуби татко му, баба му и дедо му. Покрај загубите, тој е депортиран од Америка, каде долго живееше и каде остана без стипендијата на „Џулијард“, еден од најпрестижните факултети за музика во светот.

„Кога ми беше најтешко, ги научив најголемите лекции во животот. Во Македонија бев дете ѕвезда, не можев да излезам на улица од обожаватели. Тогаш се преселивме во Америка, а јас не го знаев јазикот. На првиот час на училиште, професорот ме праша нешто, но не го разбрав и само климнав со главата. Едно од децата стана, му одговори на професорот, покажа со прстот кон мене и почна да ми се смее. Сите деца ми се смееја. Тогаш сфатив дека таму не сум ѕвезда и тоа ме приземји“, раскажува Васил.

Својот татако последен пат го видел во Италија, каде загинал во сообраќајна несреќа, а подоцна со мајка му минале голгота додека телото да му го донесат во Струмица. Наспроти оваа тажна прикзна, тука е и приказна дека Васил пеел придружни вокали на концертите на Енрике Иглесијас и „Њу кидс он д блок“, а настапи и со Тамара на „Евросонг“ во Израел.

За тагата која го снајде неговото семејство, за последната сдедба со татко му пред да загине, зошто ја изгуби стипендијата од престижниот факултет и зошто бил депортиран во Македонија, Васил има навистина што да каже. Но, тука се и поведрите теми: за албумот што го снимил како дете, за тоа како е да се пее со Енрике Инглесијас, за соработката со Игор Џамбазов… Гледајте го видеото.

Андријана Јовановска

Текстот „Во една година ги загубив најблиските“, Васил Гарванлиев ја раскажа својата приказна е превземен од Reporter.mk.