Војин Ќетковиќ и Слобода Миќаловиќ повторно љубовници

Српскиот брачен пар, Војин Ќетковиќ и Слобода Миќаловиќ, ќе ги играат главните улоги во серијата „Тајната на виновата лоза“ што треба да почне да се снима наскоро. Ова ќе биде четврт заеднички проект на една од најполуларните актерски брачни двојки од Србија.

За серијата за сега нема многу информации, освен дека сценариото ќе се работи според романот на Мирјана Бобиќ Мисиљовиќ,а дека Војин и Слобода ќе глумат љубовници. Проектот ќе има 36 епизоди.

За потсетување, глумците се во брак 12 години и имаат две ќерки. Тие се запознаа на снимањето на серијата „Зона Замфирова“, а врскаат ја почнаа неколку месеци подоцна. Глумеа брачен пар и во сериите „Ранетиот орел“ и „Немањиќи“.

 

Текстот Војин Ќетковиќ и Слобода Миќаловиќ повторно љубовници е превземен од Reporter.mk.