Волонтери го исчистија ѓубрето под Железничка станица во Скопје

Глумицата Ирена Ристиќ заедно со десетина волонтери од движењето ,,Не биди ѓубре“, вчера го чистеше сметот околу Пошта 2, под Железничката станица во Скопје. Таа на својот фејсбук-профил објави фотографии од акцијата за чистење на градот и најави дека следната недела ќе чистат пред Универзална сала.

„Благодариме на чичкото кој ни донесе џиновска лопата и тетка Летка за кафето! Горко за сите!“, напиша таа покрај фотографиите.

Текстот Волонтери го исчистија ѓубрето под Железничка станица во Скопје е превземен од Reporter.mk.