Вондер вуман ќе ја води „Евровизија“ во Израел

Организаторите на „Евровизија“ во Израел открија дека ја поканиле светската филмска ѕвезда Гал Гадот да ја води „Евровизија 2019“. Тие веднаш по победата на Нета стапиле во контакт со израелската актерка најпозната по улогата на Вондер вуман и ѝ понудиле да биде домаќинка на големиот музички фестивал. Тие за сега не откриваат дали Гадот ја прифатила понудата.

Според „ЕСЦ Бабл“ актерката би сакала да ја води „Евровоизија“ ама дека тоа најмногу ќе зависи од распоредот за снимање што го има за следната година.

Гал Гадот е голем фан на „Евровозија“. На својот инстаграм-профил неколкупати објави фотографии од Нета и ги повикуваше своите следбеници да гласаат за Израел, а по победата на 25-годишната пејачка, беше меѓу првите што јавно ѝ ја честитаа победата.