Заев се збогуваше со Ванчо

Покрај колегите и познатите јавни личности кои на социјалните мрежи не престануваат да се збогуваат со доајенот на македонското глумите, порака напиша  и премиерот Зоран Заев . Тој се збогува од актерот преку неговиот профил на Фејсбук.

„Жална е веста за смртта на знаменитиот доајен на македонскиот театар и филм, Ванчо Петрушевски. Неговиот актерски талент ќе продолжи да живее како инспирација за многу млади актери во Република Македонија. Нека почива во мир“, пишува на фејсбук премиерот Заев.

Текстот Заев се збогуваше со Ванчо е превземен од Reporter.mk.