Запросувањето требаше да биде романтично, а не драматично: Како Ноле ја побара за жена Јелена

Новак Ѓоковиќ последниве денови ги полни насловните страници на домашните и странските медиуми со изјавите за вакцината. И неговата сопруга Јелена подеднакво е активна на Инстаграм, им чита на најмладите, дели совети за мајчинството и за здравата храна. Неодамна во интервју за Грејем Бесинџер Новак и Јелена открија како ја запросил.

Новак, ја повел Јелена на возење со балон.

“ Запросувањето требаше да биде романтично, а не драматично. Изнајмив два балони, во едниот бевме јас и Јелена, а на другиот требаше да пишува “Сакаш ли да се омажиш за мене?“, откри Новак.

Но, проблем бил што нивниот балон замалку ќе се запалел“.

“ Почнав да се “дерам“ дека балонот има дупка, и во тој момент се појави друг балон, на кој во прв момент помислив дека е реклама. Си мислев, “дали е тој луд, што е ова со рекламава“ , и тогаш прочитав што пишува. Се свртев, а Новак веќе беше со  прстенот“ –раскажа Јелена.

Текстот Запросувањето требаше да биде романтично, а не драматично: Како Ноле ја побара за жена Јелена е превземен од Reporter.mk.