Збогум, Мистер Бин

Еден од најдобрите комичари, Роуан Аткинсон, кој го играше ликот на легендарниот Мистер Бин, рече дека нема веќе да се појавува во оваа улога.

„Се сомневам дека тој некогаш пак ќе се појави. Стигнувате до точка кога сфаќате дека сте дале сѐ што сте можеле да дадете, но  – никогаш не вели никогаш“, рече 63-годишниот актер во Шоуто на Греам Нортон каде гостуваше.

Аткинсон исто така рече дека до ден-денес луѓе го застануваат на улица и му кажуваат дека личи на Мистер Бин.

„Кога на еден човек му реков дека јас сум актерот кој го играше Мистер Бин, ми рече: ‘Сигурно би сакал да си. Сличноста е толку неверојатна, што би можел да работиш како негов двојник, ќе се збогатиш’“, раскажува Аткинсон.

Иако публиката го памети по комични улоги, актерот откри дека во приватниот живот воопшто не е забавен.

Текстот Збогум, Мистер Бин е превземен од Reporter.mk.