Здравко Чолиќ ја отвори поликлиниката „Зегин“

Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ денеска ја отвори поликлиниката „Зегин Медика. ПЗУ „Зегин Медика“ ја основаше д-р Верица Механџиска во април 1998 година. По повеќе години работа, поликлиниката се реновираше и се опреми со најсовремена апаратура, која овозможува висока прецизност на резултатите во строго контролирани услови.

Главна цел на оваа поликлиника е да се обезбедат целосни здравствени прегледи и специјалистички здравствени услуги на пациентите и да им се овозможи стручна помош за нивните здравствени проблеми. Во рамките на поликлиниката има 4 служби, кои по принципот на матичен доктор, опслужуваат 5.000 пациенти.

ПЗУ „Зегин медика“ е единствена поликлиника која нуди биорезонантна метода. Биорезонантната терапија е корекција на функциите на телото под влијание на електромагнетни осцилации на строго одредени параметри одговарајќи на одреден фреквентен спектар на акустични бранови. Освен тоа, ПЗУ „Зегин медика“ ви нуди дијагностицирање на слип апнеа со најсовремени методи и домашна полиграфија. Ова сериозно нарушување се манифестира со престанок на дишењето за време на сонот, а со примена на соодветна терапија на пациентот му се овозможува поквалитетен живот.

Покрај овие нови најсовремени технологии, поликлиниката ги нуди и следниве услуги: општи прегледи со биохемиска лабораторија наменета за општи биохемиски анализи, комплетна крвна слика, интернистички прегледи, алерголошки прегледи, ЕКГ, ехо на абдомен, тироидна жлезда и дојки, дензинтометрија (прегледи за остеопороза) и уште многу други услуги. Исто така нуди совети и консултации од страна на специјалисти за различни области од медицината, како и систематски и периодични здравствени прегледи за вработени лица.

Фото: Зегин

Текстот Здравко Чолиќ ја отвори поликлиниката „Зегин“ е превземен од Reporter.mk.