Зекири со семејството хоспитализирани во болница

Пратеникот и потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири, неговата сопруга и ќерката се хоспитализирани во болница. Ова го изјави вечра министерот Венко Филипче.

„Мухамед е хоспитализиран, заедно со сопругата и ќерката, но се во добра здравствена состојба. Имаат лесни симптоми, односно покачена температура“, рече Филипче.

Мухамед Зекири пред неколку дена соопшти дека е позитивен на Ковид -19, а веќе следниот ден и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, кажа дека  и таа има коронавирус.

Текстот Зекири со семејството хоспитализирани во болница е превземен од Reporter.mk.