Жељко Јоксимовиќ: Се чувствува страв од пожарите во Грција

Познатата водителка Јована Јоксимовиќ и нејзиниот сопруг Жељко, кои во моментов се на летување во Атина, просведочеа за големите пожари кои ја зафатија Грција.

„Ние се наоѓаме во делот на градот каде нема никаква опасност. Ние не сме загрозени, а колку можев да забележам, луѓето на улица не се премногу уплашшени. Не е ништо драматично. Пожарот е оддалечен од нас 30 километри. Единствено што приметивме е димот кој се чувствуваше во овој дел од градот“, вели Јована.

Нејзиниот сопруг, пејачот Жељко Јоксимовиќ изјавил дека доцна во вечерта не се чувствувал димот, кој претходно можел да го почувствува во целиот регион.

„Сепак се чувствува стравот. Атина е целосно запустена. Пожарот предизвика голем шок за сите жители и туристи кои се затекоа“, вели Жељко.

Српската одбојкарка и некогашниот член на Олимпијакос, Ана Лазаревиќ од нејзините поранешни соиграчки од клубот дознала дека целата земја е во хаос.

„Некој запалил нешто на планината и поради силината на ветерот, оганот се раширил со брзина на светлината. Колешките ми пренесоа дека луѓето се фрлале во морето да пливаат и за прв пат во животот забележале како морето гори“, вели Лазаревиќ.

Српскиот фудбалер на Олимпијакос, Марко Марин вели дека во делот на Атина каде тој живее, животот тече сосема нормално.

„Кај нас се е во ред. Пожарите се на некои 20 или 30 километри оддалечени од нас. Јас штотуку тргнав да одам на тренинг. Се функционира нормално“, изјавил Марин.

 

Текстот Жељко Јоксимовиќ: Се чувствува страв од пожарите во Грција е превземен од Reporter.mk.