Зидан три децении заљубен до уши во неговата сопруга

Поранешниот фудбалер и тренер на Реал Мадрид, Французинот Зинедин Зидан, е во среќен брак со својата сопруга Вероника Фернандез уште од својата 17 годишна возраст. Вероника успеала да го освои Французинот уште во неговите тинејџерски години и почетоци на фудбалската кариера, кога многу девојки го бркале и обожавале Зидан.

Некогашниот најдобар фудбалер на светот имал очи само за Вероника уште во времето кога играл за Канеси. Пет години подоцна двојката се венчаа, а како круна на нивната љубов биле четворицата синови.

Приватниот живот и брак на Зидан досега не бил одбележан со ниту една афера и скандал. Двојката до ден денес е подеднакво заљубена како и на почетокот на врската.

Тоа повторно го докажаа на доделувањето на ФИФА наградите за најдобар фудбалер на годината во Лондон, каде целото внимание беше насочено кон Вероника и нејзината завидна линија која ја покажала во елегантен сребрен фустан. Брачната двојка е најдобар доказ дека успешениот брак и врвната спортска кариера и тоа како можат да одат заедно, ако за тоа се има воља.

Текстот Зидан три децении заљубен до уши во неговата сопруга е превземен од Reporter.mk.