Златни медали за Дејан и Јадранка Недеви на Европското првенство во Романија

Каратистот Дејан Недев освои златен медал во кати на Европскиот шампионат во Питешти, Романија. Ова е седма европска титула на каратистот во неговата кариера. Златен медал во кати кај сениорките освои и Јадранка Недева.

Матеј Ангеловски освои сребрен медал во фукуго и бронзен во кого-кумите. Во јуниорска конкуренција со злато во кого-кумите се закити Мила Саздова, а во фукуго го освои сребрениот медал. Антонија Белазелкоска во кадетска конкуренција во кати и фукуго освои бронзени медаљи.

На Европскиот шампионат во Питешти учествуваат 387 каратисти од 24 земји.

Текстот Златни медали за Дејан и Јадранка Недеви на Европското првенство во Романија е превземен од Reporter.mk.