Злоупотребни ликовите од „Преспав“ предупредуваат од продукцијата

ОХО Продукција предупредува за  дека се појавиле лажни орофили на социјалните мрежи со ликовите од  ТВ серијата „Преспав“. Продукција се обрати со соопштение кон јавноста:

„Изминатиов период на социјалните медиуми се појавија лажни профили од ликовите на ТВ серијата Преспав. ОXО Продукција, како единствен носител на авторскте права на Преспав, се оградува и ги осудува овие злоупотреби и ги презема сите правни дејства со цел да ги спречи ваквите злоупотреби и да го заштити своето авторство врз серијата. ОХО Продукција изрично забранува неовластено користење на сите содржини кои ги претставуваат, произлегуваат или на било каков начин се поврзани со ликовите, дејствијата, имињата и другите авторски содржини на ТВ серијата„, се вели во  соопштението.

Серијата „Преспав“ е можеби еден од  најпопуларните домашни проекти. Засега се снимани четири сезони, а во најава е и петата  која треба да се снима кон крајот на годинава. Неодамна имаа слецијална волонтерска епзода посветена на актуелната ситуација со Ковид-19

Текстот Злоупотребни ликовите од „Преспав“ предупредуваат од продукцијата е превземен од Reporter.mk.