Алпите ќе останат без снег во 2100 година

Швајцарски научници на состанокот на Европската геонаучна унија во Виена, претставија студија во која тие предвидуваат дека до крајот на 21 век, глобалното затоплување ќе го стопи поголемиот дел од ледот кој го обликува изгледот и екосистемот на денешните Алпи.

Дури и ако светот успее да ја постигне зададената цел, глобалното затоплување да се сведе и намали за два степени Целзиусови во однос на прединдустриското ниво, две третини од мразот во европскиот планински ланец ќе исчезне до 2100 година, тврдат научниците на ETH.

„Алпите воглавно ќе останат без лед до 2100 година и само мали делови на мраз ќе останат на врвовите“, вели коавторот на студијата Маријас Хус.

Научниците сметаат дека во 2050 година нема да има ледови на алпските врвови, а во другата половина на векот, растот на температурата ќе биде многу поизразен.

Проблемот е што намалувањето на ледот на Алпите, ќе го поремети екосистемот и ќе влијае на економијата во тоа подрачје, затоа што планината е таа која ги привлекува туристите.

Но, од нив со вода се снабдува целиот растителен и животински свет, но и земјоделството и хидроелектраните.

Извор: Net.hr

Фото: EPA/Dominic Steinmann

Текстот Алпите ќе останат без снег во 2100 година е превземен од Reporter.mk.