Американска агенција ја обвини Кина дека шест дена криела од јавноста дека избила коронавирусот

Моќната и угледна новинска агенција „Асошиетед Прес“ тврди дека имала увид во интерни документи, според кои кинеските власти шест дена ги задржувале информациите за тоа да ја сокријат епидемијата од новиот коронавирус.

Претседателот на Кина Си Џипинг ја предупреди јавноста на 20 јануари, дури седмиот ден откако изби опасниот вирус. До тој момент, повеќе од 3000 луѓе биле инфицирани, според интерните документи.

Токму тие шест дена, како што се наведува, во Вухан, од каде почна заразата, одржана е прославата на која имало над десетина илјади посетители, а милиони луѓе тргнале на патување во пресрет на Кинеската нова година.

Одложувањето од шест дена, од 14 до 20 јануари, не е првата грешка која кинеските власти ја направиле на различни нивоа во борбата против пандемијата, затоа што други земји реагирале на сличен начин, одолговлекувајќи со денови, па дури и недели, со објавите на одлуките и чекорите кои ќе бидат превземени.

Но, според проценките на агенцијата, одолговлекувањето на првата држава која се соочила со новиот коронавирус, бил во критичен момент, на самиот почеток на пандемијата.

Чекорењето на Кина по тенок мраз во настојувањата да ја информира јавноста за тоа што се случува од една страна и да избегнат масовна паника од друга, доведе до тоа на светот да бидат заразени повеќе од два милиони луѓе и да бидат однесени повеќе од 128.000 животи, смета агенцијата „Асошиетед Прес“.

„Шест дена не се превзеде ништо, во спротивно ќе имаше многу помал број на жртви, помал број на инфицирани, а медицинските установи ќе можеа да ги прифатат сите патници и можеби немаше да дојде до колапс на здравствените системи, како што беше примерот со Вухан“, изјавил епидемиологот од Универзитетот во Калифорнија, Зуо Фенг Занг.

Некои експерти навеле, како што пренесува агенцијата „Асошиетед Прес“, дека кинеските власти можеби одолговлекувале со јавната објава на епидемијата, но во тајност ги превземале сите мерки и го чекале вистинскиот момент за да избегнат ширење на паника меѓу населението.

Кинеската влада ги негира обвинувањата дека одлоговлекувала со објавувањето на информациите и тврди дека за инфекцијата на коронавирусот веднаш ја известила Светската здравствена организација.

Текстот Американска агенција ја обвини Кина дека шест дена криела од јавноста дека избила коронавирусот е превземен од Reporter.mk.