Американскиот научник кој исчезна на Крит е пронајдена мртва

Американскиот научник Сузан Итон која беше прогласена за исчезната на Крит, е најдена мртва во пештера, потврдиле грчките власти.

Локалните медиуми објавиле дека нејзиното тело е најдено во близина на населбата Самоудокори, околу 10 километри од местото каде таа последен пат била забележана.

Итон (59) била молекуларен биолог на Институтот „Макс Планк“ во Дрезден во Германија, а присуствувала на православната академија во градот Ханиј.

„Со огромна тага и жалење ве известуваме за смртта на нашата драга пријателка и колешка Сузан Итон“, е наведено во соопштението објавено на интернет страницата на Институтот во Дрезден.

Американски научник исчезнал на Крит

Текстот Американскиот научник кој исчезна на Крит е пронајдена мртва е превземен од Reporter.mk.