Американските власти го спречија Бил Гејтс да прави тестови за коронавирус

Американските власти ги запреа тестирањата на коронавирусот, кои во Сиетл започнаа на иницијатива на милијардерот Бил Гејтс. Програмата на милијардерот во Сиетл, требаше да биде тест за формирање на поширок безбедносен систем за коронавирусот во САД, пренесува српски Курир.

Американската администрација за храна и лекови (FDA), нареди да се запрат стотината тестирања дневно во Сиетл, кои беа покренати на иницијатива на милијардерот Бил Гејтс, објави „Раша тудеј“.

Гејтс најави дека низ програмата SCAN (Seattle Coronavirus Assessment Network), ќе бидат тестирани по 300 луѓе дневно, но сега е објавено дека програмата во моментов е на пауза, поради конфликтот со FDA.

Програмата на Гејтс претходно доби одобрение од Департментот за здравство на државата Вашингтон, но дополнително е утврдено дека за експерименталните тестирања на коронавирусот, потребна е дозвола и од федералните власти.

FDA побарала дополнителни информации за програмата SCAN, во која се спроведуваат тестирањата на луѓето кои немаат симптоми на коронавирусот, на основа на земен брис од носот.

Гејтс наведе дека оваа програма би требало да биде тест за формирање на „безбедносен систем за ширење на коронавирусот“, а го спроведуваат пет здравствени организации во Сиетл. Програмата треба да послужи како пример во кој ќе се видат резултатите од тестирањата на луѓето кои имаат, но и оние кои ги немаат симптомите.

Програмата ќе покаже и како вирусот се шири, кој е најзагрозен и дали мерките како што се физичкото растојание меѓу луѓето, даваат резултати.

 Извор/Курир.рс

Текстот Американските власти го спречија Бил Гејтс да прави тестови за коронавирус е превземен од Reporter.mk.