Археолози на дното на езерото Титикака открија драгоцености од мистериозно исчезнатата цивилизација Тиванака

Тим археолози од европските и латиноамериканските држави на дното на езерото Титикака, кое се наоѓа на границата меѓу Перу и Боливија, открија церемонијални артефакти од цивилизацијата Тиванака, пишува „Њујорк тајмс“.

Експертите за подводна археологија на дното на езерото откриле ритуални подароци и остатоци од животни. Предметите ги пронашле на подводен гребен во средината на езерото.

Драгоцените предмети укажуваат дека на тој локалитет биле одржувани големи важни церемонијални настани, на кои елитата од цивилизацијата Тиванака стигнувала до гребенот и принесувала жртви на млади лами, оставале артефакти од злато и други драгоцени камења.

Исто така, биле откриени садови со кои биле послужувани разни мирисни билки. Цивилизацијата Тиванака се развила на езерото Титикака во периодот меѓу V и XII век. Во тој период оваа цивилизација била една од најголемите и со највлијателна култура во тој регион на Андите.

Околу езерото, кое се наоѓа на висина од 3.800 метри, бил развиен специјален екосистем, а во време на пристигнувањето на Шпанците тука живееле околу милион жители.

Археолозите специјализирани за подводни истражувања одлучиле да го истражат гребенот Коа бидејќи нуркачи аматери нашле значителна количина артефакти. Гребенот се наоѓал на пет метри под површината на езерото, на 10-ина километри од брегот.

Археолозите нашле златни украси, меѓу кои и медалјон, на кои се врежани силуети од пума. Она што ова откритие го прави особено значајно е тоа што, покрај златните статуетки, најдени се и морски школки околу брегот на Еквадорот. Тоа потврдува дека жителите околу езерото Титикака тргувале.

Археолозите од Оксфорд и Слободниот универзитет од Брисел се воодушевени од ова откритие затоа што во езерото аретефактите биле совршено сочувани.

Досега се најдени десетина локалитети околу езерото Титаник, со остатоците од културата Титикака, од остатоците на културата Тиванака, но ниту еден не бил толку богат со артефакти како што е новооткриениот.

Текстот Археолози на дното на езерото Титикака открија драгоцености од мистериозно исчезнатата цивилизација Тиванака е превземен од Reporter.mk.