Астероидите не можат да се уништат како на филм, сметаат научници од Универзитетот „Џон Хопкинс“

Астероидите во вселената кои можат да претставуваат потенцијална опасност за планетата е многу потешко да експлодираат и да бидат уништени, како што тоа е претставено во холивудските филмови, сметаат научиците од Универзитетот „Џон Хопкинс“, пренесува „Индепендент“.

Тие велат дека лансирањето херој во вселената и разнесувањето на метеорот со нуклеарна бомба, пред истиот да дојде во допир со Земјата е можно, но тоа нема да не спаси од потенцијалната катастрофа.

Секој голем астероид што се движи кон Земјата би можел да биде смртоносен за голем дел од популацијата, а научниците досега погрешно оценувале дека нивната големина би можела да се искористи против нив.

„Некогаш верувавме дека колку објектот е поголем, тој може полесно да се скрши. Сметавме дека многу поголема е веројатноста на поголемите објекти да им се најдат поголеми мани. Нашите налози сега велат дека астероидите се посилни од тоа што мислевме и дека е потребно повеќе енергија за целосно се скршат“, изјавил Чарлс Ел Мир.

Чарлс, кој е еден од истражувачите ангажирани од Универзитетот „Џон Хопкинс“, смета дека заедно со неговите колеги можат да ги проучуваат карпите од астероид во рамки на кои тоа е возможно. Тој објаснува дека можат да ги проучуваат малите вселенски тела во лабораторија, но тие се со големина на човечка рака.

„Ваквите тела кои можеме да ги истражуваме се со големина на човечка рака. Тешко е да утврдиме и да дојдеме до нови сознанија за вселенски тела кои можат да достигнат големина на град. Нашето прашање до кое треба да дојдеме до одговор е колкава количина енергија би била потребна за да се разбие астероидот“, вели Чарлс.

Научниците претпоставуваат дека по почетната експлозија на астероидот би се формирале милион пукнатини, а дел од скршените парчиња би останале на неговата површина поради неговата гравитација. Дел од нив сметаат дека огромното оштетено јадро и понатаму би ги повлекувал деловите околу него.

„Тоа би значело дека астероидот би ја задржал својата сила, затоа што не е целосно уништен. Оштетените делови ќе кружат околу него. Тоа значи дека секој кој ќе сака да уништи опасен астероид, ќе мора да користи повеќе енергија. Можеби звучи како научна фантастика, но голем број истражувања се направени за да ги разгледаат сите опции за можно отстранување на потенцијално опасните астероиди. На пример, се разгледуваат прашања од типот дали е подобро астероидот да го уништиме, или да го удриме доволно силно за да ја поместиме неговата траекторија“, вели Чарлс.

Директорот од институтот за екстремни материјали К.Т., Рамеш, оценил дека само прашање на време е пред овие прашања минат од академско ниво на дефенирање на нашиот одговор за големата закана.

„Мораме да имаме добра идеја за тоа што треба да направиме кога ќе дојде време. Научните напори како овој се клучни за помош во донесувањето на одлуката“, вели Рамеш.

Текстот Астероидите не можат да се уништат како на филм, сметаат научници од Универзитетот „Џон Хопкинс“ е превземен од Reporter.mk.