Божем е богата наследничка па успела да извлече илјадници долари од хотели и компании

Во Њујорк при крај е со судењето на германската државјанка Ана Сорокин (28), која е обвинета за измама. Ана со години се претставувала како богата наследничка, за да може да ужива во луксузниот живот.

Хотелите и рестораните каде престојувала и соработувала ги оштетила за стотина илјади долари, а измамила и голем број на нејзини пријатели и познаници. Веќе речиси две години Ана се наоѓа во затворот на островот Рајкер. Судењето почнало на крајот на март, а сега обвинителот и нејзиниот адвокат ги дале завршните реченици.

Ана која е родена во Русија, завршила гимназија во Германија, а од 2013 година се претставувала како Ана Делви и на тој начин успеала да земе од банките, хотелите, компаниите и пријателите околу 275.000 долари.

Ана е обвинета за десет кривични дела и сега се соочува со казна од 15 години затвор. Поради тоа што се дружела со извршниот директор од старт-ап компанијата „Блејд“, компанија која на богати клиенти им нуди луксузни летови, Ана можела да букира лет од 35.000 долари. Ана не морала да плати однапред.

 

View this post on Instagram

 

March 28th, 2019: Yves Saint Laurent Sheer Black Blouse, Victoria Beckham Pants

A post shared by AnnaDelveyCourtLooks (@annadelveycourtlooks) on

Од компанијата сметале дека за тоа нема потреба затоа што ѝ верувале. Проблемите настанале по месец дена кога од компанијата сеуште не можеле да ги наплатат сметките од Ана. Бранителот Тод Сподек во својот завршен говор ја раскажал приказната за девојката која како дете имала сон кога ќе порасне да има се што ќе посака.

Адвокатот пред поротниците раскажал дека сите и плаќале сè и дека таа мислела дека тоа е нормално. Приказната за богатата наследничка требало да и отвори врата во еден друг свет.

„Тоа можеби ви делува ненормално, но не е злостор“, изјавил нејзиниот адвокат пред поротниците.

„Ана Сорокин како девојката во приказната фантазирала за тоа да основа луксузен клуб за богаташи и да соработува со познати личности како Габриел Калатрав, син на познат архитект. Имала желба да отвори локали за одбрани клиенти, како што е „Ноб“, и култен хотел „Стандард“. Сите сакале да работат за неа и сите свесно ги игнорирале предупредувачките сигнали“, истакнал Сподек.

„Ако се било таква измама, зошто претходно не ја уапсиле? Живеела свој живот, на неконвенционален, неморален, но не и криминален начин“, изјавил тој.

Обвинителот Кетрин Меко повикала десетина сведоци и во завршниот говор зборувала за ладнокрвната измама и ноторната кражба.

Текстот Божем е богата наследничка па успела да извлече илјадници долари од хотели и компании е превземен од Reporter.mk.