Британец тврди дека убиството на Кенеди и нападите на Кулите близначки се поврзани

На прв поглед, атентатот на еден човек во 1963 година и убиството на илјадници други лица во 2001 година, немаат многу заеднички работи. Британецот Питер Скот тврди дека зад овие два настани во историјата на САД, стои „длабока политика“.

Во својата книга „Воени заговори: Џ.Ф.К., 9/11 и длабоката политика на војна“, тој ја опишува „длабоката политика“ како таен договор кој е креиран на основа на главните настани.

Тие не се нужни планови на една заговарачка група, туку со време ги формираат луѓе кои доаѓаат на власт. Скот наведува неколку клучни тврдења за тоа како се поврзани двата настани. Прво напоменува дека во двата случаи, клучните високи членови на властите биле надвор од земјата.

Тој исто така вниманието го свртува на инсајдерското купување на берзите во пресрет на двете трагедии, нешто што за Скот укажува дека некои специјално одбрани луѓе, знаеле однапред што ќе се случува на сцената.

Сличностите исто така се однесуваат и на идентитетите на виновниците на двете злосторства. Осомничен за убиството на Кенеди бил Ли Харви Освалд.

Харви многу брзо по инцидентот бил идентификуван на основа на стари податоци кои не одговарале на неговиот реален изглед во тоа време. За Скот тоа значи дека Освалд однапред бил одреден за главен виновник во овој случај.

Слично на тоа, списокот на киднапери на авионите кои се срушија во Кулите близначки, е објавен на 11. септември четири минути пред летот „Јунајтед 93“ воопшто да влезе во Пенсилванија.

Скот вели дека независни истражители откриле документи за кои тврдат дека се направени пред 11 септември. Тоа значи дека американските известувачки агенции испланирале однапред што ќе се случува.

Во 1963 Освалд бил опишан како напаѓач кој делувал сам. Многумина се сомневаат во ова, па до ден денес постојат разни теории на заговор за тоа кој всушност пукал во претседателот Кенеди.

Скот укажува дека американската влада на идентичен начин користела реторика во описот на терористичкиот напад направен на Кулите близначки во 90-те години и оној на 11 септември во 2001 година.

Скот тврди дека и во двата случаи вмешана била американската влада. Теориите на Скот се базираат на податоците кои ги добил за човек по име Ел Саид Носер. Носер во 1990 година го обучувал Али Мухамед еден од киднаперите на авионите кои беа срушени на 11 септември.

„Полицијата го прогласи Носер за „осамен пукач“ и тврдеше дека тој делувал сам, во моментите кога го ликвидираше Меир Кахан, основачот на Еврејската одбрамбена лига. И тоа беше кажано кога беа откриени доказите за опремата за изработка на бомба. Со тие докази можеше да се осуди и Мухамед во тоа време“, вели Скот.

За Скот ова само доказ, дека приказната за „осамен пукач“ е американски инструмент кој властите го користат со цел да заштитат некого.

„Освалд необјасниво бил тргнат од листата на ФБИ во 1963 година, на која биле сите лица кои требале да добијат зголемен надѕор, поради нивната безбедност“, вели Скот.

Скот прави споредба со случајот 11 септември за кој тврди дека ЦИА со месеци криела од ФБИ дека двајца терористи кои учествувале во нападот во 2001 година, стигнале во САД уште во 2000 година.

„Не им укажале поради „задржување на информациите““, вели Скот.

За Скот клучен момент и еден од најважните фактори во двата случаи се војните кои потоа следат. По смртта на Кенеди, ангажирањето на американската војска во Азија е засилена.

Тоа доведува до војна во Виетнам. Слично на тоа, по нападите на Америка на 11 септември 2001 година, Американците ги напаѓааат Авганистан и Ирак. Почнуваат злосторствата во кои гинат околу стотина илјади луѓе.

Текстот Британец тврди дека убиството на Кенеди и нападите на Кулите близначки се поврзани е превземен од Reporter.mk.