Британка обвинува дка грчките власти пред 27 години згрешиле кога го прогласиле нејзиниот син за мртов

Британката Кери Нидам на која пред две децении ѝ било соопштено дека нејзиниот 21 месечен син бил мртов, сега повторно се соочува со шокирачки вести пишува „Дејли Мејл“. Таа верува дека нејзиниот син е сеуште жив откако ѝ било кажано дека пронајдената ДНК на местото каде што исчезнал нејзиниот син не се совпаѓа со нејзината.

Ова го утврдиле експертите за судска медицина во Оксфорд. Тие пронашле слаб ДНК профил од распадната крв во близина на местото каде што последен пат бил виден Бен. Таа обезбедила ДНК примерок, но само за да ѝ кажат дека нема позитивно совпаѓање.

Малиот Бен исчезнал во 1991 година додека британското семејство се наоѓало на грчкиот остров Кос. Последен пат бил забележан во близина на една фарма, а за неговата смрт тогашните грчки служби утврдиле дека е одговорен багеристот Константинос „Дино“ Баркас. Грчкиот работник во меѓувреме почнал од рак на стомакот.

„Нашата 27 годишна тортура продолжува. Ако тоа не е крвта на Бен, тогаш чија е? Ова е вознемирувачко. Целото ова време мислевме дека Бен е мртов. Дадов и моја ДНК за да се потврди случајот. Сакавме да ставиме крај на сето ова и да го продолжиме со процесот на тага. Но, сега откако резулатите се негативни повторно сме шокирани. Не знам што да мислам. Дали Бен е мртов или жив? Јас сум гневна. Некои луѓе од грчкиот остров Кос не лажеа 27 години и претрпевме години на бавна тортура“, вели Кери.

„Сега сакам да знам што јавниот обвинител во Грција ќе каже на сето ова. Сакам да се вратат на местото на злосторот и да го испитаат целиот случај. Дали тие не лажеле?“, вели Кери.

Детективот и главен инспектор Џон Казнс, вели дека и покрај форензичарските резулати, сеуште верува дека Бен загинал како резултат на трагична несреќа во близина на фармата на островот Кос, вклучувајќи ја тешката машинерија.

„Ќе продолжиме да го поддржуваме семејството на Бен и грачките власти, и ќе ги информираме ако се појават дополнителни информации“, изјавил Џон.

Текстот Британка обвинува дка грчките власти пред 27 години згрешиле кога го прогласиле нејзиниот син за мртов е превземен од Reporter.mk.