Британска двојка мистериозно умрела во хотел во Египет

Ќерката на Џон и Сузан Купер, британската двојка која почина за време на одморот во Египет, тврди дека телата на нејзините родители се испратени дома, но без некои од нивните органи.

Џон (69) и неговата сопруга Сузан (63) умреле во август во хотелот на Црвено море во Хургади. Египетските власти навеле дека двојката починала од ешерихија во хотелот Zajgenberger akva medžik.

Обдукцијата во Велика Британија била сметена како недоволна и минатиот месец била покрената истражна постапка. Ќерката Кели Ормерод (40) го критикувала одложувањето на тестирањето во Велика Британија и навела дека на нејзините родители им недостасувале некои од органите.

„Мислам дека на моите родители им недосастуваат делови од телото, но засега не можам да добијам одговори“, изјавила Кели.

Семејството Купер во Ланкашир на одмор, кој го организирала агенцијата „Томас Кук“. Нивниот заеднички погреб е одржан во септември. Ќерката и претходно изјавила дека нема доверба во властите во Египет.

„Наведена сум да верувам дека некои од нивните органи недостасуваат. Чувствувам дека случајот е заташкан“, вели Кели.

Во медиумите е објавен случај со еден Британец, Дејвид Хамшир, на кого му биле украдени бубрезите и срцето, пред телото да му биде вратено во Велика Британија. Тој починал на 62 годишна возраст, откако во базенот си играл со внуците во истиот регион.

Британскиот истражител наредил втора обдукција, која исто така утврдила дека некои од органите недостастуваат. По петчосавното интервју, семејството навело дека аутопсијата е извршена против нивната воља. Портпаролката на Министерството за надворешни работи, тврди дека се прават сите напори за да им се помогне на семејството Купер.

Извор од британската амбасада во Египет наведува дека е логично, властите да ги отстраниле органите за да можат да ги тестираат.

Текстот Британска двојка мистериозно умрела во хотел во Египет е превземен од Reporter.mk.