Во поголемиот дел во државата Венецуела граѓаните останале без електрична енергија. Во главниот град Каракас по прекинот на струја настанал општ хаос, а претседателот Николас Мадуро ја обвини опозицијата за саботажа.
Снемањето струја во Каракас довело до вистински сообраќаен хаос во четвртокот. Потоа без струја останале и останатите делови од земјата. Недостигот на струја довело до тоа да сите летови за Каракс бидат пренасочени, а стотина работници морале да си заминат дома пешки. Било затворено и метрото.
Струја снема во време кога во земјата владеат големи тензии по повод обидите на опозицијата на чело со Хаун Гваидо да го смени Мадуро од власт. Гваидо ја има поддршката од поедини латиноамерикански држави и САД.
Тој изјавил дека недостигот на струја довело до општ хаос, негрижа и беснило по улиците. Гваидо објаснил дека тоа е доказ за неефикасноста на окупаторот.
„Светлото ќе се врати кога Мадуро ќе биде тргнат од власта“, изјаил лидерот на опозицијата. Американскиот државен секретар Мајкл Помпео го обвинил Мадуро за некомептентност .
„Нема храна. Нема лекови, а сега нема ни струја. Следно треба да го снема Мадуро“, напишал Помпео на Твитер.
Венецуела електричната енергија главно ja добива од хидроелектраните, а не од своите нафтени резерви. Малите инвестции во електричниот систем години наназад, довеле до пропаѓање на системот.
Отткука немањето струја е честа појава во оваа земја особено по национализацијата на електродистрибуцијата во 2007 година. Во 2016 година, владата прогласила 60 дневна вонредна состојба, период во кој струјата контролирано била исклучувана и по шест часа.
Some pictures from Caracas, the electrical grid failure means the metro system in Caracas is shut meaning workers are having to walk around the city. The traffic lights are also not working as there’s no electricity #Venezuela #Caracas pic.twitter.com/G3zUwvnSRA
— CNW (@ConflictsW) March 7, 2019
Some pictures from Caracas, the electrical grid failure means the metro system in Caracas is shut meaning workers are having to walk around the city. The traffic lights are also not working as there’s no electricity #Venezuela #Caracas pic.twitter.com/G3zUwvnSRA
— CNW (@ConflictsW) March 7, 2019
#BREAKING: 18 states of #Venezuela (almost 70% of the country) including #Caracas are now experiencing massive blackout or power outrage almost 36 hours before the massive anti-#Maduro protests. Venezuelan authorities claim that it has happened due to sabotage!#7Mar #8Mar pic.twitter.com/3zOW8MwbnW
— Babak Taghvaee (@BabakTaghvaee) March 7, 2019
The power outage and the devastation hurting ordinary Venezuelans is not because of the USA. It’s not because of Colombia. It’s not Ecuador or Brazil, Europe or anywhere else. Power shortages and starvation are the result of the Maduro regime’s incompetence.
— Secretary Pompeo (@SecPompeo) March 8, 2019
EN ABSOLUTA OSCURIDAD el aeropuerto más importante de Venezuela #Maiquetía en la periferia de Caracas, x el gran apagón nac. en la era de @NicolasMaduro
Espero q NUNCA nos pase eso, bueno, AMLO ya garantizó q NO pasará en el NAIM de Texcoco.
Ccp: @lopezobrador_ @m_ebrard pic.twitter.com/F6SNpBHxV7— HugoPaezOficial (@hugopaezoficial) March 8, 2019
Текстот Цела Венецуела во мрак, Мадуро ја обвини опозицијата за саботажа е превземен од Reporter.mk.