Цела Венецуела во мрак, Мадуро ја обвини опозицијата за саботажа

Во поголемиот дел во државата Венецуела граѓаните останале без електрична енергија. Во главниот град Каракас по прекинот на струја настанал општ хаос, а претседателот Николас Мадуро ја обвини опозицијата за саботажа.

Снемањето струја во Каракас довело до вистински сообраќаен хаос во четвртокот. Потоа без струја останале и останатите делови од земјата. Недостигот на струја довело до тоа да сите летови за Каракс бидат пренасочени, а стотина работници морале да си заминат дома пешки. Било затворено и метрото.

Струја снема во време кога во земјата владеат големи тензии по повод обидите на опозицијата на чело со Хаун Гваидо да го смени Мадуро од власт. Гваидо ја има поддршката од поедини латиноамерикански држави и САД.

Тој изјавил дека недостигот на струја довело до општ хаос, негрижа и беснило по улиците. Гваидо објаснил дека тоа е доказ за неефикасноста на окупаторот.

„Светлото ќе се врати кога Мадуро ќе биде тргнат од власта“, изјаил лидерот на опозицијата. Американскиот државен секретар Мајкл Помпео го обвинил Мадуро за некомептентност .

„Нема храна. Нема лекови, а сега нема ни струја. Следно треба да го снема Мадуро“, напишал Помпео на Твитер.

Венецуела електричната енергија главно ja добива од хидроелектраните, а не од своите нафтени резерви. Малите инвестции во електричниот систем години наназад, довеле до  пропаѓање на системот.

Отткука немањето струја е честа појава во оваа земја особено по национализацијата на електродистрибуцијата во 2007 година. Во 2016 година, владата прогласила 60 дневна вонредна состојба, период во кој струјата контролирано била исклучувана и по шест часа.

Текстот Цела Венецуела во мрак, Мадуро ја обвини опозицијата за саботажа е превземен од Reporter.mk.