Четири големи мистерии за Месечината кои НАСА не може да ги објасни

И по 40 години од првото зачекорување на Месечината, од страна на Нил Армстронг, Баз Олдрин и Мајкл Колинс, сепак постојат голем број непознаници за Земјиниот сателит.

НАСА со децении истражувала и испратила вкупно 12 астронаути, но сеуште нема одговори на сите прашања.

1. И понатаму не знаеме ништо за тоа како Месечината настанала

Истражувачите и понатаму не можат да дадат одговори на прашањето како е создадена Месечината, иако веруваат дека е создадена по силен судар.

Повеќето научници сметаат дека објект со големина на Марс удрил во Земјата, пред околу 4,5 милијарди години. Потоа настанале бројни камени остатоци кои одлетале од Земјината орбита и на крајот се споиле во едно.

Дури и да е тоа точно, тогаш таквиот судар би требало да биде толку силен, што Земјата би ја исфрлил од орбитата.

„Дури и кога ќе помислиме дека го имаме одговорот на најверојатната вистина, всушност ние сме во фаза само да истражуваме. Сударот морал да биде доволно силен за да исфрли голема количина на материјал во земјината орбита, но не толку силен за да ја уништи нашата планета. Големата мистерија е што навистина се судрило со Земјата и со која сила“, вели астрофизичарот Кристофер Палм.
2. Како водата завршила на Месечината?
НАСА за прв пат пронашла вода на Месечината во 2009 година, во облик на лед. Водата била заробена под површината. Научниците не можат точно да објаснат како е дојдено до истата. Некои веруваат дека постоело период во кој Земјата и Месечината биле бомбардирани со астероиди и комети. Можеби тие ја донеле водата на површината на Месечината и се создале на Земјата океаните. Но, анализите на донесените камења од месечината утвриле нова теорија. Нивниот хемиски состав сугерирал дека водата постоела во длабичините на Месечината, а дека до површината дошла со вулкански ерупции. Тоа би знчаело дека водата во карпите на сателитите постоела многу време пред да се случи споменатиот удар.
3. Од каде замрзнатиот кратер „студена стапица“?
Месечината нема атмосфера и нема зашита од сончевите зраци. Како резултат на тоа, на површината се создале екстремни температурни разлики меѓу денот и ноќта. Неговата површинска температура на сончевата страна се искачува дури до 126 степени, а на темната се спушта и до минус 180 степени. Се што е изложено на сонцето се пржи на голема топлина, додека се она што е засолнето, нуди услови на лунарен лед. Многу од таквите „студени стапици“, се наоѓаат на оддалечената страна на Месечината, делот кој е сокриен од Земјата, што значи дека е сокриен и од земјините телескопи. Она што би можело да биде сокриено во овие заледени подрачја, на научниците им е непонато, но може да содржи и замрзната вода заедно со голем број на зачувани докази за настанокот на Месечината. Кинеската сонда која на 3 јануари се спуштила на темната страна на Месечината, го истражува хемискиот состав на „студените стапици“, кратерот познат и по името „вон Карман“, според научнкот Теодор вон Карман.
4. Се крие ли на Месечината облик на вонземјански живот?
Едно од најголемите прашања со кои се соочуваат научниците е постоењето на вонзејанскиот живот? Некои веруваат дека водата е сокриена под површината на Месечината и дека можеби содржи древни микроби.
„Една од можностите за настанување на животот, е тоа што во својот состав водата веројатно содржи материја која ја донела кометата и чии остатоци можеби постојат во ледот“, вели Палма.
Сепак научниците тоа нема да го дознаат додека на Месечината не испратат сонда опремемна со моќна бушалица.

 

Текстот Четири големи мистерии за Месечината кои НАСА не може да ги објасни е превземен од Reporter.mk.