Човек на Путин заради нарушен углед ќе ги тужи САД за 50 милијарди долари

Мешањето на Русија во изборите во САД во 2016 година е лажна вест, а тоа го покажува откажувањето на Американското министерство за правда од судско гонење на руските компании поврзани со Евгениј Пригожин.

Евгениј е богат бизнисмен и сојузник на рускиот претседател Владимир Путин. Тој сега вели дека ќе ги тужи САД, за 50 милијарди долари, поради неправедни покренати обвинувања против него.

Евгениј кој е познат како „шефот на Путин“, и е сопственик на кетеринг компании кои често му служи на Кремљ, објави соопштение до јавноста, откако американското Министерство за правда во понеделникот оддеднаш ги отфрли сите обвинувања против неговата компанија Konkord.

Американските обвинители претходно ја обвинија неговата компанија дека стои зад кампањата за помош на Доналд Трамп за да победи на претседателските избори во 2016 година.

Оваа вест следела неколку дена откако беше објавено дека постои сведок кој може да докаже директна вмешаност на Евгениј во американските избори.

Како што Евгениј изјавил, тоа што американското Министерство за правда се откажало од обвинувањата против неговата компанија, значи дека наводите за негово и руско мешање во изборите е лага и фикција.

Сега неговата компанија Konkord подготвува тужба против неправедно судско гонење, изјавл Евгениј и додал дека ќе бара 50 милијарди долари оштета.

Властите во САД се откажаа од случаот затоа што се плашат од лош публицитет и чесно судење“, изјавил тој, а пишува „Москов њуз“.

Американското министерство за правда соопшти во понеделникот дека ги повлекува обвиненијата против компанијата Konkord, само неколку недели пред да почне судењето.

Kongord кој ја финансира фабриката за тролови со седиште во Санкт Петербург, позната како Агенција за истражување на интернет е именувана во обвинението против 13 руски поединци и три компании.

Таа беше еден од главните резултати на 22 месечната истрага на специјалниот советник Роберт Малер за руското мешање во претседателските американски избори во 2016 година.

Американската влада заклучила дека постапката против компанијата на Евгениј не ги промовира ниту интересите на правдата ниту националната безбедност, соопштиле од Министерството за правда.

 

 

 

 

Текстот Човек на Путин заради нарушен углед ќе ги тужи САД за 50 милијарди долари е превземен од Reporter.mk.