Човекот по 1969 година никогаш не стапнал повторно на Месечината

Директорот на американската вселенска агенција НАСА, Џим Брајденстајн, пред новинарите објаснил зошто астронаутите на САД никогаш повеќе не зачекориле на Месечината по 1969 година. Брајденстајн тврди дека за таквите мисии едноставно немало доволно пари.

„Сето тоа е поврзано со политичките ризици“, објаснил Брајденстајн и додал дека следствено на тоа дошло и до намалување на финансирањето.

„Да ги немаше тие политички ризици, ние денеска веќе ќе бевме на Месечината, ќе бевме и на Марс“, нагласил директорот на НАСА.

Брајденстајн објаснил дека НАСА во 1990 година и на почетокот на 2000 година, се обидела да се врати на Месечината и да слета на Црвената планета, но дека двете програми барале долга подготовка и сериозни трошоци.

Тој исто така укажал и на тоа дека од истата причина можеби нема да се реализира ни слетувањето на Марс кое е закажано за 2024 година.

За потсетување, неодамна администрацијата на Доналд Трамп наложила да се забрза реализацијата на лунарната програма, како и во наредните пет години се оствари ново слетување на човекот на Месечината, наместо до 2028 година, како што претходно било планирано.

Модернизираниот концепт на овој проект го добил името „Артемида“, во чест на грчката божица Месечината.

 

Текстот Човекот по 1969 година никогаш не стапнал повторно на Месечината е превземен од Reporter.mk.