Црните сценарија на Нострадамус за 2019 година

Најпознатиот пророк на сите времиња, Французинот Нострадамос за наредната 2019 година не дава премногу оптимизам за добра и просперитетна 2019 година. Напротив според неговите пишувања следи војна во Европа.

Престојната година ќе биде запаметена и по страшните и разорни поплави, а Северна Америка ќе биде подрачје на големи земјотреси. На Блискиот Исок се очекува раст на тероризмот и религискиот екстремизам.

Според предвидувањата на Нострадамус, во годината која следи светските лидери ќе се обединат во борбата против климатските промени, а научниците ќе измислат лек кој ќе ни овозможи да живееме 200 години.

Сепак многумина научници, експерти, теоретичари на заговор сметаат дека ваквите предвидувања треба да се земат со резерва, затоа што некои од предвидувањата кои ги напишал Нострадамус во неговите книги, како што е крајот на светот, предвидел дека ќе се случи во 1999 година.

Исто така многумина научници велат дека е нејасно како светските лидери ќе се обединат во борбата против климатските промени, во исто време додека во светот се случува Третата светска војна.

Францускиот пророк е автор на една од најпознатите книги за пророштва. Во своите предвидувања, тој успеал да предвиди некои од клучните моменти во историјата на човештвото. Таков е примерот со 11 септември и рушењето на Кулите близначки и доаѓањето на Хитлер на власт во Германија.

Текстот Црните сценарија на Нострадамус за 2019 година е превземен од Reporter.mk.