Да не се мие пилешкото месо пред печење, советуваат од Центарот за контрола на болести во САД

Од американскиот Центар за контрола на болести (CDC) им препорачуваат на американските граѓани да не го мијат суровото пилешкото месо пред печење, затоа што на тој начин лесно можат да ги рашират микроорганизмите во него.

Американските медиуми повикувајќи се на информации од интернет страната на CDC, пишуваат дека препорачливо е прво да се испече месото и на тој начин да се уништат микроорганизмите во него, пред да се конзумира.

На тој начин ќе се спречи можноста за ширењето на микроорганизмите. Миењето на пилешкото во кујната, би можело да ги рашири смртоносните микроорганизми. Без разлика дали станува збор за даската за сечење, кујнската површина или на некоја чинија, советуваат од агенцијата CDC.

Во Америка, со недели, дури и месеци, пред пилето да умре, боледува од разни болести. Месото често е контаминирано со салмонела и бактериите clostridium perfringens и campylobacter, како и со разни смртоносни паразити и патогени.

Храната оставена на отворно, а такви чести примери има во рестораните за брза храна и супермаркетите, почнува брзо да се расипува на собна температура.

Месарите подеднакво користат избелувач и амонијак за да ги уништат бактериите. Труењето со храна може сериозно да ја наруши здравствената состојба и да предизвика грозница или рак.

Труењето со храна особено е ризично за лица со слаб имунолошки систем. Во Америка на најмалку 200 милиони граѓани секојдневно на кој им ослабува имунолошкиот систем, конзумирајќи флуоридирана вода, фармацевски лекови,  и конзумирајќи ГМО храна.

Од CDC даваат совети што да направите пред да го конзумирате месото:

Ставете го пилешкото во торба за еднократна употреба, пред да го ставите во количката или во фрижидерот, каде сокот и маслото од месото може да ја контаминира другата храна. Измијте ги рацете со топла вода со сапун 20 секунди пред да го допирете пилешкото месо. Немојте да го миете печеното пиле.

За време на миењето, пилешкиот сок можат да се рашири во кујната и да ги загади другите прехранбени производи, прибор и печката или шпоретот. Користете посебна табла за сечење на пилешкото.

Никогаш не ја ставајте варената храна или свежите производи на плоча, табла за сечење или на друга површина каде претходно сте го ставиле суровото пилешко месо.

Измијте ги таблите за сечење, приборот, садовите со топла вода со сапуница по подготовката на пилешкото. Користете термометар за храна за да бидете сигурни дека пилето се готви на безбедна внатрешна температура од 165 степени. Внимателно следете ги упатствата за готвење за да спречите труење со храна.

Извор: cdc.gov

Текстот Да не се мие пилешкото месо пред печење, советуваат од Центарот за контрола на болести во САД е превземен од Reporter.mk.