Диносаурусите изумреле од удар на астероид во Мексико

Група научници открија место во Мексико каде во ерата на диносаурусите удрил астероид кој го однел речиси целиот живот на планетата. До ова место археолозите стигнале благодарение на направени сателитски снимки.

Ваквите снимки биле направени на средината на осумдесетите години, кога група американски археолози над мексиканксиот полуостров Јукатана, приметиле речиси совршен круг, со пречник од 200 километри.

Кругот бил совршен исто како да бил прецизно нацртан со шестар. Научниците за ова место велат дека претставува најсмртоносното место во целиот свет.  Вселенското тело создало кратер длабок 30 километри, а археолозите велат дека тоа довело да земјата околу него се однесува исто како кога ќе фрлите камче во бара.

Во годините кои доаѓале, благодарение на катаклизмичкото влијание, светот добил непрепознатлив изглед, а температрите биле толку ниски, што дури 75% од животот на Земјата исчезнал, вклучувајќи ги и диносаурусите.

Во центарот на кратерот, еден километар во долината, денес е изграден градот Чиксулуб Пуерто. Во градот живеат неколку илјади луѓе. Куќите воглавно се ниски градби, офарбани во жолта, бела и портокалова боја.

Градот е малку познат во јавноста и во најголем број го посетуваат љубителите на палеонтологијата, кои редовно се губат во обидот да го пронајдат. Тие прво стигнуваат до селото Чиксулуб, кое е 7 километри оддалечено од градот.

На главниот плоштад можат да се видат школски цртежи од диносаурус, а во негова близина се наоѓа и игралиште на кое доминираат играчки во облик на диносаурус.

Еден споменик е посветен на диносаурусите и се наоѓа на главниот плоштад, пред црквата, во вид на голема коска направена од бетон.

Се до 1991 година, кога не биле објавени резулатите од истражувањето, ова место не привлекувало преголемо внимание во јавноста.

Денес тука е изграден музеј, кој е отворен во септември 2018 година. Музејот бил заеднички проект на мексиканската влада и најголемиот универзитет во Мексико UNAM.

Музејот има за цел да ги врати луѓето 66 милиони години во минатото, кога астероид од 12 километри ја променил целата светска историја и чии последици траеле во наредните неколку милиони години.

За жал сето она кое на научниците треба да им пружи увид, за потеклото на астероидот и што се успеал да уништи, се наоѓа далеку под земјата во кратерот Чиксулуб.

Туристите можат да стигнат под земјата до сините лагуни каде можат да пливаат заедно со рибите, несвесни дека токму овие лагуни настанале поради мекиот варовник кој бил принуден да излезе на површината од длабокото подземје по ударот од метеорот.

Денес лагуните, кои настанале по ударот на астероидот, се сметаат за главен заштитен знак на Јукатана, место кое ги краси брошурите ширум светот.

Текстот Диносаурусите изумреле од удар на астероид во Мексико е превземен од Reporter.mk.