До 2050 година, планетава ќе стане како огнена топка

Според најновите истражувања кои ги објавил британски „Гардијан“, планетата Земја до 2050 година, ќе стане како огнена топка. 77% од градовите ќе минат низ драматични и потенцијални катастрофални промени.

Во секој дел од светот ќе расте можноста за метеоролошки појави, кои досега не биле забележани.

Истражувачите од институтот Краутер Лаба, заклучиле дека до 2050 година, градовите кои се наоѓаат на северната хемисфера, и кои во моментов имаат умерена и студена клима во иднина ќе наликуваат на градовите кои се наоѓаат на 1000 километри од екваторот.

Посебно погодени ќе бидат европските градови, а според предвидувањата на нуачникот, градот Лондон, до 2050 година, ќе ја има сегашната температура на градот Барселона, а Москва ќе биде како Софија, додека Стокхлом како Виена.

За жал, според интерактивната мапа, климатските промени нема да го заобиколат ни Балканот. Температурата во градовите на Балканот ќе порасне за 7,9 степени. Во Нови Сад температурата ќе наликува на онаа во Далас, а во Белград, на онаа во Сан Антонио.

Најголемата дневна температура во најтоплиот месец ќе се подигне за 7,9 степени целзиусови, а на годишно ниво ќе се зголеми за 3,5 степени целзиусови.

Ваквата клима ќе предизвика голбално исчезнување на залихите на плитка вода, а европските летни температури, кои веќе се алармантни, ќе пораснат за 3,5 степени.

Истражувачите предупредуваат дека петина од големите градови, вклучувајќи ги и Џакарта, Сингапур и Каула Лумпур, ќе имаат такви климатски услови, какви што денес нема во ниту еден град во светот.

„Тоа значи дека не чекаат нови политички и инфраструктурни предизвици со кои досега никогаш не сме се соочиле“, вели Том Краутер, основач на споменатата лабораторија.

Поедини климатолози сметаат дека ова не е предвидување, туку само илустрација, додека други велат дека ваквата ситуација треба да се свати сериозно.

Текстот До 2050 година, планетава ќе стане како огнена топка е превземен од Reporter.mk.