Доналд Трамп го уценувал Џулијан Асанж

Американскиот претседател Доналд Трамп го уценувал основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж. Според изјавата на еден од сведоците во судницата во Лондон, Трамп му понудил на Асанж помилување, а за возврат побарал од него јавно да признае дека Русија не била вмешана во американските претседателски избори во 2016 година.

Сведокот денеска зборуваше во судницата каде се одржа сослушувањето за испорачувањето на Асанж во САД. Адвокатот на Асанж, Едвард Фиџералд изјавил дека понудата на Асанж му ја пренел поранешниот американски конгресмен на Републиканците, Дене Рохрабахер, кога го посетил во амбасадата во Еквадор во 2017 година.

Трамп побарал од Асанж да признае дека Русија не била вмешана во прочурувањето на мејловите кои нанеле штета во претседателската кампања на неговиот тогашен противкандидат од демократите, Хилари Клинтон. Како што пренесува „Би-Би-Си“, судијата Ванеса Бартсер ја прифатила изјавата на сведокот.

Од Белата куќа ги негираат ваквите изјави и тврдат дека станува збор измислици и лаги. Портпаролот на Белата куќа Стефани Гришам изјавила дека претседателот не го ни познава Ден Рохрабахер. Сè што знае за него е дека е само поранешен конгресмен.

„Никогаш Трамп не разговарал со Рохрабахер на оваа тема, или на која било тема. Тоа се измислици и лаги“, изјавила Гришам.

Низата мејлови на штета на Демократската партија и Хилари Клинтон во кампањата во 2016 година, биле хакирани, уште пред 2016 година, кога ги објави „Викиликс“, односно три дена пред конвенцијата на Демократската партија во Филаделфија. Тогаш беа објавени повеќе од 20.000 пиратски говорни пораки од седум демократи.

На нив може да се слушне недоверба и презир во врвот во демократската партијата, односно недовербата на Берни Сандерс кон својата тогашна ривалка Хилари Клинтон. Двајцата влегоа во трката за претседател од страна на демократите.

ЦИА на крајот на 2016 година, соопшти дека се откриени неколку поединци поврзани со руската влада, кои овозможиле хакирање на илјадници мејлови од Демократскиот национален комитет, шефот на изборниот штаб Хилари Клинтон и оние кои ги објавил „Викиликс“.

Асанж во судницата во која и самиот тој ги изнел тврдењата за наводната можност за помилување, се јави преку видео линк од затворот во Лондон. Тој се наоѓа во лондонскиот затвор Белмарш, во пресрет на рочиштата за испорака кои треба да се одржат овој месец.

Судот во Британија во септември минатата година, го осуди Асанж на 50 недели затвор, поради кршење на условите за кауција додека беше во егзил во амбасадата на Еквадор во Лондон. САД го обвинуваат Асанж по 18 точки, од кои 17 на основа на Акт за шпионажа, поради намерата да објави доверливи дипломатски и воени документи.

Ако биде осуден за шпионажа и предавство со објавените тајни државни документи, на Асанж му се заканува казна и до 175 години затвори.

Текстот Доналд Трамп го уценувал Џулијан Асанж е превземен од Reporter.mk.