Две сестри залепени со лента пронајдени на брегот на река во Њујорк

Телата на две сестри од Садуска Арабија, Ротана (22) и Тале (16) Фареа, се пронајдени покрај брегот на реката Хадсон во Њујорк, залепени  една за друга со леплива лента околу нивните лица.

Ротана и Тала неодамна побарале азил во САД. Живееле во Феркфакс, во американската сојузна држава Вирџинија.

И двете често исчезнувале и се појавувале, но полицијата не знае како завршиле во реката. На сајтот на Националниот центар за исчезнати деца било поставено дека Тала последен пат е забележана на 24 август.

Сега таквата објава е отстранета. Неименуван извор вели дека сестрите Фареа престојувале во САД од 2015 година и дека еднаш биле сместени во засолниште затоа што побегнале од дома.

Мајката ѝ соопштила на полицијата дека сестрите исчезнале откако на целото семејство, кое вклучува и двајца браќа, му било наредено да се врати во Саудиска Арабија.

Еден роднина изјавил дека семејството Дареа било среќно.

„Никогаш немале проблеми, а најстарата ќерка дури и заминала на колеџ во Њујорк со благослов на родителите“, вели неименуваниот роднина.

Конзулатот на Саудиска Арабија во Њујорк твитувал дека внимателно ја следи истрагата за смртта на сестрите Фареа.

Текстот Две сестри залепени со лента пронајдени на брегот на река во Њујорк е превземен од Reporter.mk.