Експерт од НАСА верува дека вонземјаните можеби веќе не имаат посетено

Научникот Силвано П. Коломбано во американската вселенска агенција НАСА, тврди дека вонземјански интелегентен живот можеби веќе ја има посетено нашата земја, пишува „Дејли Мејл“.

Коломбано кој работи во НАСА центарот во секторот за Inteligent Systems Division, верува дека веројатно човекот го промашил забележувањето на појавата на овој вид на вонземјани, затоа што истите не се создадени од организми базирани на јаглеод како што е човекот.

Тој верува дека моменталното размислување на човекот за тоа како изгледа вонземјанскиот живот е премногу стеснето.

Едноставно сакам да го истакнам фактот дека интелигенцијата која би можеле да ја откриеме и која би можела да избере да не пронајде нас (ако веќе ѝ не успеала во тоа) можеби не е создадена од организми базирани на јаглерод како нас”, изјавил Коломбано.

Тој за време на својата презентација на работилницата Decoding Alien Intelligence, во март годинава, истакнал дека верува дека вонземјанскиот живот можеби ги има и надминато границите на човековата технологија, па дури можеби и веќе владее со меѓуѕвездениот пат.

„Нашите типични животни простори во иднина нема да бидат лимитирачки, а големината на вонземјанинот може да биде онаа на екстремно ситен суперинтелигентен ентитет“, вели Коломбано.

Со оглед на фактот дека нашиот технолошки развој во нашата цивилизација почнал пред околу децении, децении, а достигнал ниво на научни методологии само пред помалку од 500 години, можеме да претпоставиме дека имаме проблем во предвидувањето на технолошката човекова еволуција за наредните 1000 години.

Коломбано предупреди дека радио брановите во идниот период би можеле да бидат застарени.

Тој ги повика физичарите да учествуваат во шпекулациите, базирани на нашите најтврди теории, но истовремено да бидат подготвени да ги прошират перцепциите за природата на просторот, времето и енергија и да го разгледаат феноменот на НЛО кој е вреден за учење.

Текстот Експерт од НАСА верува дека вонземјаните можеби веќе не имаат посетено е превземен од Reporter.mk.