Еквадор за неколку дена ќе го испорача Асанж?

Еквадор е подготвен да го испорача основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж на Британија во наредните неколку недели или дена, тврдат странски медиуми.

„Моите извори велат дека Асанж ќе биде испорачан на Британија во наредните неколку недели, па дури и денови. Се надевам, како никогаш досега, моите извори да не се во право“, напишала главната уредничка на мрежата „Раша тудеј“, Маргарита Симонијан на Твитер.

Постојат шпекулации дека Еквадор преговара со Британија за иднината на Асанж. На почетокот на оваа недела, веснкот Тајмс објави дека Британија преговара со Еквадор за префрлање на Асанж од Амбасадата во таа земја, во Лондон. Според некои извештаи, ваквите преговори ги предводи министерот за Британија Алан Данкан.

Изворите блиски на Асанж велат дека тој не е зпознаен со тие преговори, но дека верува дека САД прават голем притисок на Еквадор, вклучувајќи ги и заканите со блокада, од заемите од Меѓународниот фонд (ММФ), ако тој и понатаму остане во Амбасадата.

Асанж во амбасадата на Еквадор е од 2012 година, кога од оваа земја побарал азил. Асанж го бараат властите во Шведска поради навод за сексуален напад, но тој изрази стравување дека ваквото испорачување би можело да го доведе да биде префрлен во САД, каде не би имал чесно судење. Претседателот на Еквадор Ленин Морено изјавил претходно дека Асанж е хакер и дека е наследен проблем и дека претставува камче во чевелот.

Текстот Еквадор за неколку дена ќе го испорача Асанж? е превземен од Reporter.mk.