Елизабета се посомневала во убиство на Дајана, нов документарец за принцезата

Во најновиот документарец направен за смртта на принцезата Дајана е прикажана првичната реакција на британската кралицата Елизабета Втора кога дознала за смртта на нејзината снаа.

Документарецот во кој новинарот Џереми Пакман го истражува животот на кралското семејство и кој ќе се прикажува во две епизоди прикажува дека кралицата била меѓу првите луѓе кои дознале за нејзината смрт.

Нејзината прва помисла била дека станува збор за убиство. Пакман вели дека Елизабета не покажувала чувства на страв и тага, туку само на сомнеж. Во документарецот кралскиот биограф Ингрид Севард го опишал моментот кога кралицата излегла од својата спална собра држејќи бокал со топла вода.

Кога Елизабета слушнала дека Дајана загинала во сообраќајка, таа се посомневала дека некој ѝ ги уништил сопирачките на автомобилот со кој патувала, вели Ингрид. Сепак, на крајот на кралицата ѝ било соопштено дека виновник за несреќата бил возачот на Дајана, Хенри Пол.

Пол возел во алкохолизирана состојба и поради неговото грубо и невнимателно однесување и возење е дојдено до сообраќајната несреќа во Париз на 31 август 1997 година. Принцезата Дајана во тие моменти била на одмор со своето момче Доди ал Фаед, кога нивниот автомобил удрил во столб во тунел во Париз.

Во моментите кога кралицата ги слушнала вестите за смртта на Дајана, била во замокот Балморал со својот син, принцот Чарлс, и внуците Вилијам и Хари. Во документарецот е прикажано како принцот Чарлс целосно психички пропаднал откако му јавиле за смртта на Дајана.

„Веднаш знаеше дека тој ќе биде посочен како виновен за нејзината смрт“, изјавила авторката Тина Браун.

Кралицата Елизабета и принцот Чарлс одлучиле да не ги будат младите принцови Вилијам и Хари за да им ги соопштат вестите за смртта на нивната мајка. Почекале до утрото. Новинарот и пријател на Дајана, Ричард Кеј, изјавил дека ставот на кралицата бил дека децата во тие моменти се главен приоритет.

Во документарецот исто така е прикажана расправијата меѓу принцот Чарлс и неговата мајка кралицата. Принцот од Велс сакал да отпатува до Франција со кралскиот авион и да го врати телото на својата поранешна сопруга.

Кралицата го одбила неговото барање. Ричард вели дека тоа бил изненадувачки храбар потег од негова страна, затоа што Чарлс бил поранешен сопруг и немал право да биде таму, освен како татко на нејзините синови.

„Чарлс силно се противеше на кралицата во тој период и сакаше да отпатува во Франција по телото на Дајана. На крајот кралицата му дозволила“, вели Ричард.

Во документарецот е снимен и поранешниот батлер на Дајана, Пол Барел, кој изјавил дека Чарлс бил потресен поради несреќниот случај.

„Чарлс ја сакаше Дајана на еден свој начин“, изјавил Барел.

Текстот Елизабета се посомневала во убиство на Дајана, нов документарец за принцезата е превземен од Reporter.mk.