Европа ќе гладува ако вирусот се врати на есен

Европа ќе гладува ако вирусот повторно се врати на есен, пишува „Новости“, пренесува српски „Курир“. Како што пишува порталот, на почетокот, кога се појави коронавирусот, целиот свет застана. По воведувањето на вонредните состојби и полициските часови во речиси сите земји во светот, голем број од улиците останаа пусти.

Работеа само оние кои мораа да работат. Возилата на градскиот сообраќај беа празни, а само некои, за голем број граѓани, „невидливи“ луѓе ги полнеа рафтовите на преполните самопослуги. Понекогаш се случувало да настане дефицит на некои од производите, како тестенините, или пак тоалетната хартија, но веднаш доаѓале нови пакети.

Во рафтовите со свежо овошје и зеленчук, домашните производители успевале на чуден начин, понекогаш и да го надокнадат недостатокот на увоз на домати од Шпанија, бабани од Гвајана, боранија од Кенија. Многу експерти се прашуваат дали вака ќе биде и на есен? Дали некои други луѓе од сенка, доброволно ќе ги ораат и сејат полињата?

Дали на пролет Европа ќе може да биде нахранета, ако повторно се врати коронавирусот. И што ако следи нов бран? Сите овие прашања бараат одговор за излез од досега несекојдневната ситуација, во која светот се најде во современата доба.

Првиот сигнал за опасност, кога се појави пандемијата на коронавирусот, беше алармот од недостаток на работна сила во земјоделството, предизвикан од општата изолација.

Европската комисија, поради тоа, соопшти дека сезонските работници можат слободно да патуваат во внатрешните граници, за да помогнат во собирањето на жетвата и покрај рестриктивните мерки, воведени поради вирусот. Тоа важи и за работниците, надвор од шенгенските зони.

Спас во таа смисла, би можел да стигне од земјите како што се Бугарија и Романија. На крајот на април, извршниот орган на европските власти, донесе низа на препораки во таа смисла. И покрај тоа, земјите од ЕУ, реагираа различно на истите. Француските власти декларативно се приклучи на тоа, но во пракса, тоа изгледаше поинаку.

Пред неколку дена, по 48 часовно задржување, од парискиот аеродром биле вратени две групи на луѓе, со повеќе од 80 сеонзски работници од Бугарија и Летонија. Франција и понатаму дозволува влез на својата територија, само на оние кои имале постојан престој во оваа земја.

Од друга страна, во Австрија, Германија, Романија и Бугарија, на големо се бере аспарагус и друг вид на зеленчук. Кога станува збор за Франција, проблемот е во тоа што, отворањето не се однесува на сезонските работници од Тунис, Алжр и Мароко, кои обично претставуваат 10% од работната сила во земјата во овој сектор.

Пресметано е дека поради актуелната ситуација, во Франција во април, на полињата, изгубени се од 15 до 20% од родот. Французите моментално им недостигаат 45.000 работници на полињата и на фармите, доека овој број се претпоставува дека ќе се дуплира, во месеците кои доаѓаат.

Иако полиците во продавниците се полни, социјалните разлики, стануваат сè повидливи. Во предградието на Париз се формираат редови за бесплатни потрошувачки корпи, а народните кујни во целата земја, работат со полна пареа.

Некои студенти, кои повеќе не можеле да одат во затворените мензи, каде цените се ниски, стануваат подоцна, за да скратат по еден оброк. Многумина се прашуваат, што ќе се случува на есен, кога економската криза ќе ја надмине здравствената. Истовремено, се повлекуваат и цените на некои производи од увозот, како портокалите и мандарините.

Храна, засега има доволно. А, како минува времето, се проценува дека најмногу ќе страдаат најсиромашните земји. За Европа, ако се исполнат предвидувањата, зимата нема да биде долга, како што ќе биде за некои региони, каде се заканува гладта. Тука се мисли на земјите како Јемен, Авганистан или Судан.

Храна, генерално би требло да има, колку што е потребно, но таа ќе биде неправедно распоредена, поради губењето на работата, пореметениот ланец на снабдување и значајното намалување на слободната трговија. И додека за едни има многу храна, други ќе гладуваат.

Според неодамнешниот заеднички извештај на Организацијата на Обединетите Нации за храна и земјоделство и Светската програма за храна, кризата со глад би можела во светот да зафати двојно повеќе луѓе од вообичаено. Се проценува дека гладта, поради коронавирусот, до крајот на годината, ќе ги погоди 265 милиони луѓе.

Тоа е зголемена бројка од 130 милиони луѓе во однос на минатата година. Критичарите велат дека продавниците не можеле да бидат снабдени за време на кризата, ако претходно нема подготвен добро осмислен план. Ваква слична ситуација, настана кога Париз во период од два дена беше погоден од снег.

Тоа беше доволно, полиците во продавниците да останат полупразни. Пандемијата, болестите, стравовите, отсуството на превоз и сè останато, во период од два месеци, досега не донесоа нешто слично.

Истото важи и за периодот по паденимијата. Доколку има доволно храна, теоретичарите на заговор ќе речат дека целата работа била добро испланирана однапред. Ако не, властите ќе бидат тие кои ќе се најдат на мета на жестоки критики.

Извор/Курир.рс

 

Текстот Европа ќе гладува ако вирусот се врати на есен е превземен од Reporter.mk.