Европските колонизатори во САД предизвикале геноцид над милиони луѓе

Европските доселеници на американско тло убиле преку 56 милиони припадници на автохтони народи во текот на изминатите сто години во Јужна, Средна и Северна Америка.

Ова го тврдат истражувачи од Лондон кои потенцираат дека Европејците тие предизвикале запустување и загадување на големи земјоделски површини во Америка.

Уништувањето на вегетација на подрачје со големина на Франција резултирало со масовно намалување на јаглерод диоксид во атмосферата, се наведува во студијата.

„До моментот кога Колумбо стигнал во Америка во 1942 година, количината на јаглерод диоксид и климата биле релативно стабилни. До промена дошло во 1610 година. Тогаш настанала промена на количината на гасови во стаклената градина“, вели професорот по географија Марк Маслин, кој е еден од коавторите на студијата.

Пред оваа студија дел од научниците тврделе дека температурата се сменила во 17 век. Овој период тие го нарекувале „мала ледена доба“ и е предизвикано само од природни сили.

Но, со комбинација на археолошките докази и историските податоци и анализи за количините на јаглерод пронајдени во ледот на Антарктикот, истражувачите покажале сомнеж за загадувањето поврзано со пристигнувањето на Европејците. Тоа била клучна компонента за глобалното заледување, велат истражувачите.

„Малата ледена доба во 17 век предизвикала геноцидот над милиони луѓе“, изјавил Маслин.

Истражувачите го анализирале антарктичкиот лед во кој се наоѓал атмосферски гас. Преку него можеле да откријат колку јагленодиоксид имало во атмосферата пред неколку векови.

Ледените езера покажуваат дека во 1610 година  се намалиле количините на CO2. Оваа промена во 17 век довела до студени зими, ледени лета и пропаднати жетви.

Импликациите на оваа студија придонесуваат во истражувањата за науката за климата, географијата и историјата, вели Маслин, истакнувајќи дека смртта на автохтоните Американци директно придонела за успехот на европската економија.

Имено, природните ресурси и храната од Америка помогнале во ширењето на европската популација и индустриската револуција.

Текстот Европските колонизатори во САД предизвикале геноцид над милиони луѓе е превземен од Reporter.mk.