ФБИ го украл изумот на Тесла за да не дојде во посед на непријателот

Агенти од  Федералното истражно биро на САД (ФБИ) во 1943 година успеале да украдат дел од изумите на Никола Тесла веднаш по неговата смрт. Еден од тие изуми бил и таканаречениот „воздух на смртта“.

И покрај тоа што ФБИ на почетокот ја демантирал ваквата приказна, сепак, работите на Тесла кои неговиот внук Саво Косановиќ, внук од неговата најмлада сестра, ги оставил да бидат чувани во еден магацин во Њујорк додека тој бил во посета на Лондон, биле фотографирани и одземени од страна на агентите.

На голем број заговорници им е интересен фактот што ФБИ фрлил око на неговите изуми, иако Тесла веќе имал американско државјанство. Поточно  за неговите изуми грижата ја презел ФБИ, кој неговите работи ги ставил на безбедно место.

Иако службено демантирале дека биле загрижени поради ваквиот изум, американските власти всшност биле заинтересирани во која фаза Тесла успеал да го развие истиот.

Добро упатените  велат дека ваквиот изум всушност и не претставувал некаква тајна затоа што за истиот во 1934 годин, пишува американскиот весник „Њујорк тајмс“. Но, кога пронаоѓач од калибар како што е Тесла ќе спомене какво било оружје, секоја влада станува загрижена.

Во писмото на првиот и долгогодишен директор на ФБИ, Едгар Хувер, до негов близок службеник во 1940 година била опишан новинарскиот текст на „Њујорк тајмс“ за изумот на Тесла.

„Ако, како што тврди авторот на текстот во ‘Њујорк тајмс’, Никола Тесла навистина го усовршил изумот ‘воздух на смртта’, тогаш потребни ни се мерки на претпазливост за да се заштитиме од можно киднапирање и мачење, во случај непријателот да посака да стигне до оваа тајна, која е непроценлива за одбраната“, пишува „Винтаџ њуз“.

За еден од тие непријатели го сметале и самиот внук на Никола Тесла, Сава Косановиќ, кој на почетокот во 1950 година успеал да врати дел од имотот на неговиот чичко од Њујорк во Србија. Директорот на ФБИ, Хувер, им ставил на документите на Тесла ознака тајни материјали.

Хувер сметал дека овие документи би можеле да бидат опасни во рацете на непријателите. Денес истите се наоѓаат во музејот „Никола Тесла“ во Белград.

Системот за наизменични струи, ротирачко магнетно поле и асинхрони и синхрони мотори и трансформатор, го направиле Тесла бесмртен. Тоа се знаело и пред 7 јануари, кога големиот научник починал.

Неговата смрт била откриена дури два дена подоцна, затоа што на вратата од хотелската соба каде што бил сместен стоела ознаката „не вознемирувај“. За неговата смрт веднаш бил известен неговиот внук Саво Косановиќ.

„На масата стоеше една од многубројните метални кутии во кои тој ги чуваше своите документи. Таа беше отклучена и отворена. Во неа имало писма од блиски лица и некои фотографии кои веројатно му биле важни и кои на Тесла му оставиле впечаток во тие последни моменти. Животот му згаснал како на свеќа“, пишува Бранимир Јовановиќ во својата книга „Чудесниот свет на Тесла“.

Телото на Тесла два дена било изложено во погребната сала во Медисон авенијата, каде што на 10 јануари била одржана комеморацијата. Голем број важни јавни личности, пријатели и познаници му дошле на погребот за да му оддадат почест на големиот научник. Говорите ги пренесувало Радио Њујорк.

„Тогашниот градоначалник на Њујорк, Фиорело Хенри ла Гвардиа, го читал прошталниот говор што  го напишал Луис Адамиќ, словенечки писател, етеист и преведувач. Групата ‘Слован’ ја свирела српската патриотска песна ‘Таму далеку’“, вели Милица Кеслер, коавторка на изложбата по повод одбележување на смртта на Тесла.

Опелото било одржано во катедралата „Св. Јован Богослов“, која за првпат по 20 години била повторно отворена. Еписокопот Динисија, поглаварот на Српската православна црква во САД, не дошол затоа што не му се допаѓало тоа што Тесла ќе биде кремиран, па ја испратил својата замена, која внукот Косановиќ ја отпуштил затоа што изгледал неуредно.

Грижата за имотот на Тесла, според одлуката на американските власти од јануари 1943 година, му припаднала на внукот на Тесла. Косановиќ пред да замине за Лондон ги исплатил сите сметки на Тесла, а работите на неговиот вујко со неговите посмртни остатоци ги оставил на чување.

Сè што останало од Тесла, било спакувано во 60 пакети и со бродот „Србија“ од Њујорк заминал за Риека. Потоа во септември во 1951 година Косановиќ пристигнал во Белград. Сите работи на Тесла веднаш биле сместени на Електротехничкиот факултет.

Текстот ФБИ го украл изумот на Тесла за да не дојде во посед на непријателот е превземен од Reporter.mk.