(Фото) Поради Босанецот Дарко Малиш сите мислат дека Аркан е жив

Дарко Малиш роден во Босна, е познат како двојникот на поранешниот српски генерал Жељко Ражнатовиќ Аркан. Поради сличноста, многумина претпоставувале дека сопругот на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ е жив.

Малиш е роден во Фоча, во Босна каде живее мирен живот. Поради сличниот изглед со Аркан, го добил надимакот Даркан. Малиш објавил фотографија додека бил во посетата на гробот на поранешниот српски генерал.

„Откако ја објавив фотографијата, во рок од 24 часа, пријателите ми рекоа дека се појавила фотографија на интернет и дека почнало да се зборува дека Жељко Ражнатовиќ е жив и дошол да го посети својот гроб. Многу брзо веста се рашири низ целиот Балкан. Настана голем хаос. Не помислив дека мојата фотографија ќе предизвика толкава паника меѓу луѓето. Фотографијата беше поставена за спомен“, вели Даркан.

Малиш вели дека го посетил гробот, по совет на еден монах од Острог. За време на посетата Малиш запалил свеќа за поранешниот генерал, а многумина се сомневаат дека тоа го направил за да самиот го сврти вниманието кон себе.

Даркан вели дека луѓето почнале да ја приметуваат неговата сличност со Аркан, кога стигнал во животната доба во која Аркан станал познат. Вели дека тие кои лично го познавале Аркан, му велеле дека е ист како него. Имал само една непријатност од страна на хрватските царинци, додека патувал за Хрватска. Се случувало и некои минувачи, кои се нашле во негова близина најчесто во Белград да ги заплаши.

„Кога навечер ќе отитев да купам бурек, еден човек кој поминуваше покрај мене, ме забележа, веднаш пребледе и парите му испаднаа од рацете. Имаше разни сцени кога луѓето ќе ме гледаа зачудено. Како сцена кога човек станува од мртвите. Еве воскреснал Аркан“, вели Даркан.

Во јавноста на балканскиот простор, чести се легендите дека Аркан сеуште е жив, па можеби затоа оваа медиумска приказна пред неколку години одекнала во јавноста. Жељко Ражнатовиќ беше убиен во јануари 2000 година, во хотелот „Интерконтинентал“, во Нов Белград.

 

 

 

Текстот (Фото) Поради Босанецот Дарко Малиш сите мислат дека Аркан е жив е превземен од Reporter.mk.