Исчезнатиот малезиски авион е украден за да се изврши нуклеарен напад

Поранешен ФБИ-агент Хал Тарнер смета дека малезискиот авион на кој му се изгуби секаква трага на 8 март во 2014 година требало да биде искористен за почеток на трета светска војна.
Тарнер, кој го основал интернет порталот „Радио Тарнер“, од 2003 година до 2008 година, бил таен оперативец на ФБИ, во одделението за терористички напади. Откако ја завршил кариерата во службите на ФБИ, Тарнер се свртел против владата и почнал да објавува инсајдерски информации во јавноста.
Информациите до кои доаѓал ги добивал од агентите и изворите со кои соработувал тие пет години. Тарнер вели дека малезискиот авион „боинг 777“ сега е сместен на сигурно. Тој бил целосно префарбан, а бил направен и друг идентичен авион како тој.
Тарнер тврди дека исчезнатиот авион ќе биде употребен за нуклеарен напад кога ситуацијата околу светските проблеми малку ќе се смири. Авинот ќе биде искористен за предизвикување трета светска војна.
Тарнер вели дека новиот авион ќе полета во истото време кога ќе полета и оригиналниот авион на редовната закажана линија. Тој ќе лета ниско под радарот и ќе биде незабележлив за службите. На него ќе бидат инсталирани ракети, со кои ќе треба да го уништат оригиналниот авион.
Авионот кој ќе изгледа идентично како уништениот, ќе го продолжи летот до своето одредиште, а неколку минути пред слетувањето, тој ќе ја промени рутата и ќе го испали нуклеарниот проектил во одреден град. Тарнер вели дека засега нема информации за тоа кој град ќе биде нападнат, но вели дека тоа на терористите ќе им биде сеедно.
Без разлика на тоа кој град ќе биде нападнат со нуклеарниот проектил, Третата светска војна ќе биде неизбежна, смета Тарнер. Поранешниот агент на ФБИ вели дека ниту самиот пилот во авионот нема да знае до последен момент кој град ќе биде мета на нуклеарен напад.
По нападот, на јавноста ќе и биде претставен овој настан како мистерија која нема да биде решена со децении. Тарнер вели дека причината за ваквото сценарио е уништување на сите непотребни луѓе на планетата односно масовна депопулација.
Тарнер вели дека веројатно нападот ќе биде насочен кон Кина, односно некои од градовите во Кина, поради нивниот голем број на жители. Исто така поранешниот агент на ФБИ вели дека добил информации дека случувањата во Украина и тамошната политичка криза се само некои од елементите како би се свртело вниманието на јавноста од главните проблеми.
Тарнер вели дека во авионот во моментите на исчезнување се наоѓале 20 научници кои работеле на таен проект на претворање на електорните во нешто невидливо и незабележливо, нешто како таен проект на Никола Тесла. Тарнер вели дека кога научниците не биле повеќе од корист биле егзекутирани.
Владини извори за радио Тарнер велат дека никој нема да може да го спречи овој напад и дека се било договорено. Нешто слично како со Кулите близначки во 2001 година.
Во малезискиот авион во моментите кога исчезнал се наоѓале 239 луѓе. Големиот број теории на заговор кои се појавија во јавноста говорат дека денеска со ваквиот технолошки напредок е речиси невозможно да се изгуби секаква трага на авионот.
Многумина прашуваат како е можно покрај сите сателити и чипови кои луѓето ги носат на личните карти и на пасошите, да се изгуби секаква трага. Исто така роднините на некои од патниците тврдат дека нивните мобилни ѕвонеле неколку пат пред исчезнувањето на авионот. Од службите биле обвинети дека лажат.
Неговата локација до ден денес останува мистерија, а голем број теоретичари на заговор велат дека денеска е невозможно ни обичен човек лесно да се сокрие, а не пак патнички авион. „Боингот 777“ во себе има вградена црна кутија која може да испраќа сигнал и 30 дена по несреќата, без разлика дали се наоѓа на дното на Тихиот океан.
Овде сигналот на црната кутија го нема. Некои од членовите на семејството тврдат дека контролорите на летот знаат на која локација исчезнал од радарот и ако во тој момент експлодирал и паднал во океанот, тие треба да ја знаат точната локација. Делови од авионот би пловеле и на површината на океанот, што го нема во овој случај.
Семејствата на исчезнатите патници велат дека од нив се кријат вистинските информации.

Текстот Исчезнатиот малезиски авион е украден за да се изврши нуклеарен напад е превземен од Reporter.mk.