Исчезнувањето на малезискиот патнички авион останува мистерија

Малезија на 30 јули ќе го објави долгоочекуваниот извештај за исчезнувањето на авионот на националната авиокомпанија „Малезија ерлајнс“ на летот МH370, изјавил министерот за сообраќај на таа држава, Ентони Локе.

Малезија во мај ја отповика потрагата финансирана од приватната американска фирма „Оушн инфинити“, за авионот чие исчезнување со 239 лица на 8 март 2014 година стана една од најголемите авионски мистерии во светот.

Според зборовите на министерот за сообраќај, истражниот тим ќе ги извести семејствата на исчезнатите за содржината на извештајот во Министерството за сообраќај на 30 јули.

„Секој збор што истражниот тим го забележал ќе биде изнесен во овој извештај… Ќе се посветиме на транспарентноста на овој извештај.  Ќе биде во целост претставен, без никаква доработка, додавка или исправка“, вели Локе и додал дека извештајот ќе биде поставен на интернет.

„Целата меѓународна заедница ќе има пристап до овој извештај“, нагласил Локе.

Дебатите за тоа што се случило со авионот не се бришат, а групата „Војс 370“, која ги претставува семејствата на исчезнатите патници, претходно ја повика владата на Малезија повторно да го истражи летот вклучувајќи каква било можност за фалсификување или елиминација на податоците кои се во врска со летот МH370 и неговото одржување.

„Оушн инфинити“ по три месеци, на 29 мај, ја отповикала истрагата во која биле пребарани 112 000 квадратни километри, но без значителни резултати. Тоа била втора голема потрага. Во истата Австралија, Кина и Малезија извршиле пребарување на 120 000 квадратни километри на Индискиот Океан, операција која чинела 147 милиони долари, но завршила безуспешно.

Премиерот на Малезија, Махатхир Мохамад, изјавил дека државата ќе можеби повторно че ја отвори истрагата ако се појават нови траги.

Текстот Исчезнувањето на малезискиот патнички авион останува мистерија е превземен од Reporter.mk.