Исламистите му се заканија и на австрискиот министер за внатрешни работи

По терористичкиот напад и акцијата против исламистичките сцени во Австрија, тамошниот министер за внатрешни работи Карл Нехамер, добил закани од исламистите. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека министерот добил закани и дека поради тоа, неговата сопруга и две деца добиле деноноќна полициска заштита од страна на специјалната едница „Кобри“.

Текстот Исламистите му се заканија и на австрискиот министер за внатрешни работи е превземен од Reporter.mk.