Испратените пакети со лажни бомби се театарска претстава на ЦИА

NaturalNews пишува дека целиот настан околу испраќањето на лажните бомби до високи политички претставници и истакнати членови на Демократската партија и Си-ен-ен бил чиста местенка на ЦИА.

Цезар Сајок е лицето кое наводно испраќало лажни пакети-бомби до истакнати членови на Демократската партија, познати актери и медиуми, пишува NaturalNews.

56-годишниот Цезар бил идентификуван и уапсен како американски трговец со дрога. Неговото казнено дело вклучува поседување илегални стероиди со намера да ги дистрибуира.

Исто така се товари и за кражба и за други помали злосторства. Белото комбе се водело на негово име, целото било покриено со плакати и графити што го промовирале претседателот Трамп, Мајк Пенс и пораки од типот CNN sucks.

Со други зборови, како што пренесува NaturalNews, целата приказна била само театарска претстава што се водела под „лажно знаме“, а комбето и лажните бомби биле само потпора за мејнстрим-медиумите кои во целиот овој настан изигрувале жртви.

Комбето повеќепати било емитувано во мејнстрим-медиумите и имало цел ја обвини конкурентската конзервативна партија за оваа очигледно наместена театарска претстава, пренесува NaturalNews.

Не постои ниту еден знак дека еден од тие плакати залепени на комбето бил излупен. Нема никакви знаци на вандализам направени врз комбето. Очигледно намерно е направено и подготвено за овој настан.

Некои медиуми дури и го предвиделе ова  пред неколку месеци, по добро познатата логика и сценариото „длабока држава“.

Овој настан бил организиран за да ја промени реториката пред изборите во Америка. NaturalNews пишува дека ова бил чист театар и уште една очигледна операција наменета да си поигра со умовите на американскиот народ.

Сценариото на „длабока држава“ има намера да ги украде изборите, да го тероризира американскиот народ и да го подели по секоја цена.

NaturalNews за крај додава дека доказ дека целиот настан бил чист театар е самиот факт што бомбите испратени до познатите политичари и медиуми не биле направени да експлодираат, туку биле лажни.

Текстот Испратените пакети со лажни бомби се театарска претстава на ЦИА е превземен од Reporter.mk.