Израелска компанија помогнала во убиството на Кашоги, тврди Сноуден

Едвард Сноуден, кој по разоткривањето на незаконските активности на американските безбедносни служби побегна од Америка во Русија, сега обвини израелска компанија за мешање во убиството на новинарот Џемал Кашоги.

Американскиот известувач ја обвини израелската компанија што се занимава со безбедносен софтвер дека им помогнала на саудиските убијци во ликвидацијата на познатиот истражувачки новинар од Саудиска Арабија.

Сноуден се обрати до група израелски новинари преку видеолинк од Москва и истакна дека софтверот на компанија NSO group бил користен за надгледување на Кашоги, пред да биде убиен во конзулатот во Турција.

Тој компанијата ја опишал со зборовите „најлоша од најлошите“. Нејзината програма е дигитален алат за пробивање, а веќе неколку години се наоѓа на удар на канадската организација за контрола на интернет Sitizen lab.

Сноуден тврди дека софтверот Pegaz на компанијата NSO се користи во земјите со ниско ниво на почитување на човечките права. Софтверот работи така што на жртвите им испраќа СМС-порака со линк.

Ако жртвата го следи линкот, софтверот ја презема контролата над телефонот. Цел на софтверот се и новинари од Мексико, полицајци, судии и други официјални лица.

Компанијата не знае на кого му ги испраќа линковите, но како што вели Сноуден, неа не ја ни интересираат премногу тие лица. Сноуден вели дека Кашоги не бил цел на софтверот, но бил негов близок пријател.

Американецот тврди дека зад основачите на ваквите програми стои Израел. Според него, и американската Национална агенција за безбедност NSA го има признаено тоа.

„Кога се работи за контраизвестувачки приоритети на САД, секогаш во прашање е истата четворка, Русија, Израел, Франција и Кина“, вели Сноуден во видеото.

 

Текстот Израелска компанија помогнала во убиството на Кашоги, тврди Сноуден е превземен од Reporter.mk.