Каменот од Месечината, кој вреди половина милион долари, е лажен

„Каменот од Месечината“, кој во име на НАСА астронаутите Нил Армстронг и Баз Oлдрин ѝ го подариле на Холандија, всушност е безвреден камен од Земјата.

Ова го тврдат геолози од холандски универзитети.

„Истражувачите од универзитетите од Амстердам користеле најнови научни методи за да го утврдат потеклото на каменот. Тие биле шокирани од откритието дека ‘лунарната карпа’ која вредела повеќе од половина милион долари всушност е скаменето дрво“, пишува „Британски телеграф“.

Хандра ван Гелдер, жената која ја надгледувала истрагата, одбила да одговори зошто НАСА им подарила лажна карпа од Месечината, за која се велело дека вреди половина милион долари.

„Станува збор за добра приказна, но за некои прашања сè уште не можеме да добиеме никаков одговор. Можеме само да се смееме“, изјавила таа.

Холанѓаните можеби го имаат ова сфатено како забава. Поради овој настан врзан за каменот од Месечината, Баз Олдрин и НАСА станаа цел на критики. Тие одбиле да објаснат зошто сувенирите од Месечината кои се подарени на земји ширум светот се изложени како безвредни фалсификати.

„Каменот од Месечината“ го добил Вилем Дрес, поранешен холандски научник, за време на глобалната турнеја на Нил Армстронг, Михаел Колинс и Баз Oлдрин, по извршената мисија на Месечината во 1969 година.

„Се сеќавам дека Дрес беше заинтересиран за малото парче камен. Но, дали станува збор за лажен камен, не можам да кажам“, изјавил Мидендорф.

„Британски телеграф“ известил дека НАСА подарила камења од Месечината на повеќе од 100 земји по лунарните мисии во 1969 и 1970 година.

Истражувачите од универзитетот во Амстердам биле во состојба да кажат дека камењата веројатно не се од Месечината, но тој заклучок бил потврден по тестирањата.

„Тоа е безвреден камен“, изјавил Френк Беунк, геолог кој бил вклучен во истрагата.